Македонскиот уметник Зоран Попоски во периодот од 24 до 26 март 2016 изложува на меѓународниот уметнички саем „Арт Базел Хонг Конг“, една од водечките светски платформи за промоција на најзначајните дела од глобалната уметничка продукција.
Претставувањето на Попоски се реализира во рамки на колекцијата Видеотаж Медиа Арт. Покрај Попоски, Видеотаж ќе промовира и избрани дела од современи уметници од Шпанија, Британија, Швајцарија, Германија и Кина.
На овогодишното, трето издание на еден од најпрестижните настани во светот на уметностa, „Арт Базел Хонг Конг“ ќе вклучи повеќе од 200 водечки светски галерии за модерна и современа уметност, изложувајќи врвни дела во доменот на сликарството, цртежот, скулптурата, инсталациите, графиката, фотографијата, филмот, видеото и дигиталната уметност.