Насловна / Арт и дизајн / Уметник призна дека неговата победничка фотографија е создадена од вештачка интелигенција

Уметник призна дека неговата победничка фотографија е создадена од вештачка интелигенција

Германскиот уметник Борис Елдагсен одби да ја прифати престижната награда, откако призна дека ја создал победничката фотографија користејќи вештачка интелигенција (АИ).

Елдагсен изјави дека не ја прифатил наградата за најдобра креативна фотографија, која ја освои минатата недела на светската награда на фотографии во организација на „Сони“,објави „Гардијан“.

Победничката слика покажува две жени на различна возраст во црно-бела боја.

аи

Елдагсен, кој студирал фотографија и визуелни уметности на Уметничката академија во Мајнц, како и во Прага и Хајдерабад во Индија, рече дека бил „непослушен“ и сакал да види дали натпреварите се подготвени да ја прифатат вештачката интелигенција, но оценил дека не се .

„Ние од светот на фотографијата треба да имаме отворена дискусија. Дискусија за тоа што сметаме за фотографија, а што не. Дали опсегот на фотографијата е доволно широк за да дозволи влез на вештачка интелигенција или тоа би било грешка? Со одбивањето на наградата се надевам дека ќе ја забрзам таквата дебата“, изјави уметникот на својата веб-страница.

Елдагсен вели дека е историски момент што за прв пат АИ освоила награда на престижен меѓународен натпревар, додавајќи го прашањето: „Колкумина од вас знаеа или се сомневаа дека вештачката интелигенција ја создала сликата? Нешто тука не е во ред, нели?“.

Испрати коментар

Scroll To Top