Насловна / Арт и дизајн / Уметник ги „поправа“ дупките на улиците со прекрасни мозаици

Уметник ги „поправа“ дупките на улиците со прекрасни мозаици

За францускиот уметник Ememem од Лион и дупките на улиците се инспирација. Имено, тој ги „поправа“ оштетените пешачки улици и плочници во својот град, така што врз нив изработува уникатни мозаици. Овие уметнички дела се достапни за широка публика во најопштата смисла на тој збор. Започнал со „крпење“пред својата улица со мали шарени парчиња керамика кои веќе ги имал во своето ателје, а кога задоволно го погледнал делото на својот труд, акциите се нижеле една по друга.

ememem1

ememem2

ememem3

ememem4

 

За кратко време, градот бил прекриен со над 350 мали уметнички дела, а започнал да добива покани и од други земји – Норвешка, Шкотска, Германија, Италија. Својата метода на работа ја опишува како flacking, чин на љубов, поправка и присвојување на местата т.е јавниот простор кој често го занемаруваме, а треба да биде подеднакво природен како нашиот дом. Пукнатините и дупките во плочниците ги исполнува со керамика, стакло, камен или било кој материјал кој ќе се покаже доволно издржлив. Уметничките интервенции ги работи ноќе, а наутро минувачите ги пречекува убаво изненадување.

ememem6

ememem7

ememem8

ememem9

Испрати коментар

Scroll To Top