Македонските уметници Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе изложат нов заеднички проект и нови самостојни дела во рамки на годинашното издание на меѓународниот саем за современа уметност „Аrtinternational“ кој се одржува во Истанбул од 4 до 6 септември.
Иваноска и Чаловски ќе се претстават со делото „Одкоренето“. Во делото авторите се навраќаат на списите на филозофот, политичка активистка и мистик Симон Вејл (1909-1943), како и на апстрактните дела на шведската уметница и мистик Хилма аф Клинт (1862-1944) со намера да го насочат нашето внимание кон тековниот социо-политички контекст на претстојната бегалска криза во Европа.