Chan Architecture во соработка со Phillip Johnson Landscape го комплетираат уметничкото студио, кое е лоцирано во градината на постоечката куќа во Мелбурн, Австралија.
Овој проект е студио на уметник во дворот на сопствената куќа, со инкомпонирана гаража и магацин во подрумот. Идејата е да се создаде убав и детализиран креативен простор за сликарство и вајарство кој ќе охрабри и ќе инспирира креативност.
Дизајнот на студиото е направен така што го интегрира и базенот и целиот околен пејзажен простор дизајниран од Philip Jonson, преку координирање на материјали, кривини, пристапни точки и сервиси.