Како на едно место да се презентираат стилот, уметноста и чорапите? Доволно е да се вклучат младата блогерка Кејт Брајан, експерт за дизајнирање на оригинални чорапи од The Sock Drawer, и фотографот Дејвид Киц, кои претставуваат вистински потег за експлозија на креативност на едно место.
Кејт Брајан е млада блогерка и стилист позната по својот блог View From The Top, каде што хронолошки го прикажува својот стил и нуди совети за тоа како да носите различни чевли. Освен што има завидна колекција на чевли, таа за ова снимање избрала вистински модни „колачиња“ кои идеално ја претставиле оваа атрактивна колекција. Дејвид Киц ја смени перспективата на Кејт со цел подобро да се претстават оригиналните чорапи со икони од најпознатите уметнички дела во историјата на уметноста.