Насловна / Арт и дизајн / Уметнички претстави што исчезнуваат

Уметнички претстави што исчезнуваат

snezna umetnost_06
Сајмон Бек е уметник и тоа од посебен тип. Најпознат е по неговите деликатни дела, што ги прави по снегот, движејќи се по свежо паднатиот снег со посебни чевли.snezna umetnost
Бек препешачува буквално километри за да ги создадава своите фасцинантни претстави, кои можете да ги видите на фотографиите. За нивна реализација, тој е подготвен со внимателно и претпазливо пешачење да помине бројни часови на секоја од нив, иако е свесен дека веќе за еден или два часа, или наредниот ден неговото дело ќе биде прекриено со нов снежен нанос или ќе го разнесе зимскиот ветер. Фактот што делата на Сајмон Бек се секогаш привремени, целата состојба ја прави по малку тажна.
snezna umetnost_12 snezna umetnost_05 snezna umetnost_11
Овие убави шеми што ги гледате на фотографиите се направени во Франција, во подножјето на Мон Блан. Тие претставуваат големи геометриски форми кои секогаш имаат поинаква приказна кога се гледаат од различни агли.
snezna umetnost_04 snezna umetnost_10 snezna umetnost_03 snezna umetnost_09 snezna umetnost_08 snezna umetnost_01 snezna umetnost_07

За многумина, целиот концепт на Бек е за неверување, бидејќи ретко кој би инвестирал часови во креирањето на своите уметнички претстави, само за да гледа како исчезнуваат можеби веќе следниот ден.

Испрати коментар

Scroll To Top