Младата асоцијација „ПЛАНТажа“ од Осиек, Хрватска, организирала проект за реконструкција на оштетените клупи на главниот плоштад „Људевит Гај“ во Осиек.
Пет градски клупи неколку дена „поминале“ во галеријата „Казимат“, каде што биле внимателно реконструирани и сликани. Во таквиот проект, учествувале пет академски уметници од Осиек, а клупите по сликарската интервенција на уметниците повторно биле вратени на плоштадот, кај споменикот на жртвите на фашизмот, со што градскиот парк покажа ново и свежо лице.
Секоја клупа носи оригинален уметнички потпис од авторите кои учествувале во нивното обновување, а Осиек уште еднаш го покажа својот интерес кон вакви и слични проекти.