Уметничка колекција на милијардерот Дејвид Рокфелер, во која се наоѓаат и дела од Пабло Пикасо, Клод Моне и Џорџи Окиф, е на аукција.
Како што соопштила аукциската куќа „Кристи“, продажбата на делата би можела да донесе повеќе од 500 милиони долари, кои ќе им бидат проследени на бројни филантропи кои Рокфелер и неговата сопруга Пеги ги поддржувале додека биле живи.
Дејвид Рокфелер бил внук на Џон Рокфелер, а почина во март 2017 година на 101 година. Со Пеги бил во брак повеќе од 50 години, а таа почина во 1996 година. Брачната двојка собрала голема колекција уметнички дела, мебел, керамички предмети и предмети од претходните генерации Рофелерови.
Вчерашната аукција била фокусирана на 19 и 20 век, а меѓу делата биле и остварувањата на Пол Гоген и Андри Матис. Денес фокусот ќе биде на остварувањата на американските автори Вилем де Кунинг, Едвард Хопер и Џон Сингер Сарџент.