Насловна / Архитектура / Уметничка галерија како плод на уметност

Уметничка галерија како плод на уметност

Оваа извонредна галерија се наоѓа во Грција и е плод на инженерскиот тим од А31 Архитектура. Се простира на површина од 75 м2 и е изведена од една монолитна армирано-бетонска конструкција која се прелеала од ѕидовите во кровната конструкција.

1-galerija-vo-grcija

Помеѓу маслиновите дрвја, леандрите и чемпресите, на парцела од 4.000 м2 и на неколку метри од својата куќа во Дилеси, во Грција, грчкиот сликар и скулптор Александрос Лиаписом почнал да ја гради својата уметничка галерија. Во нејзиното непосредно опкружување се поставени неколку скулптури кои се дело на сопственикот.

2-galerija-vo-grcija

Оваа галерија е инспирирана од скулптуралните афинитети на сопственикот и треба соодветно да се вклопи во околината и пејзажот каде што е поставена. Изградена од бетонска лушпа која е монолитна, оваа галерија е изведена во три фази. Покривната конструкција е сводеста, што во себе ја носи безвременоста на овој архитектонски елемент кој се сретнува во архитектурата во распон од антиката па се до модерната архитектура.

3-galerija-vo-grcija

Внатрешниот простор е поделен на два дела во еден волумен, па така освен приземјето се наоѓа и галерија која е интегрирана во истиот простор. Ориентацијата на целата галерија е кон влезната страна која е целосно застаклена, а дополнително осветлување и проветрување се овозможува и преку неколкуте лентовидни прозорци кои создаваат интересна уметничка композиција на фасадите на оваа галерија.

4-galerija-vo-grcija

5-galerija-vo-grcija

6-galerija-vo-grcija

7-galerija-vo-grcija

8-galerija-vo-grcija

9-galerija-vo-grcija

10-galerija-vo-grcija

11-galerija-vo-grcija

12-galerija-vo-grcija

13-galerija-vo-grcija

14-galerija-vo-grcija

Испрати коментар

Scroll To Top