Маргот Красојевиќ открива еден амбициозен апстрактен проект, кој предвидува галерија покрај брегот, со користење на хидроенергија за сопствени потреби, но обезбедува напојување за уште 200 објекти. Морето игра главна улога во повеќето проекти на оваа архитектка. Освен во морето, инспирацијата ја наоѓа и во рускиот конструктивизам. Галеријата – хидроцентрала се предвидува за брегот на Сочи во Русија, и би излегувала на Црно море под агол од 45 степени. Би била изградена првенствено од челик, додека изгледот би бил инспириран од ударите на брановите. Красојевиќ вели дека кон заштитата на животната средина треба да се пристапи ефикасно, и дека опкружувањето треба да се разбере. Околината не смее да се уништува, но не треба ниту да и се потчинуваме.