Свитливо и тенко стакло може да звучи како нешто од филмовите од научна фантастика, но сите сме ги виделе на нашите часовници и телефони. Сега за првпат можеме да го видиме процесот на производство на овој иновативен материјал за кој е задолжена фирмата од Германија Schott. Бидејќи е транспарентно и свитливо, ова стакло може да биде видено во својата тест фаза на роло телевизорите и дигиталните весници, кои, исто така, на тој начин, ќе овозможуваат искуство на регуларни хартиени страници и на одредени модерни компоненти од таблет компјутерите.
Моментално применето во мобилната индустрија, свитливото стакло, исто така, има светла иднина и во архитектурата и градежништвото, каде што е во фаза на тестирање.
Како градежен материјал може да се користи за изградба и дигитализирање на нашите ѕидови, кои ќе можат да го детектираат и да реагираат на присуството на човекот во просторијата, а со ова стакло може да се покријат и цели фасади, со што ќе дојде до интеракција помеѓу зградата и околината. Во моментов овој премногу скап и ексклузивен материјал, мора да постигне некоја просечна и нормална цени, за да може да се најде на листата на желбите на градежните компании.