Насловна / Арт и дизајн / Ултимативна комбинација на врвни угостителски услуги и најдоброто од современата уметност

Ултимативна комбинација на врвни угостителски услуги и најдоброто од современата уметност

Француското чувство за естетика и уникатен стил е добро познато, а овој „бутик“ хотел претставува ултимативна комбинација на врвни угостителски услуги и најдоброто од современата уметност.бордо_9

Француската угостителска понуда може да понуди многу повеќе од туристичка посета на Ајфеловата кула или посета на Азурниот брег. Еден од градовите кој често (неправедно) е изоставен од листата на дестинации кои мора да се посети во Франција е Бордо. Град кој е богат со историски споменици и завиден избор на вина, а од минатата година е благословен со брилијантен дизајнерски хотел.бордо_3

Yndo Hotel sе наоѓа во центарот на градот, во традиционална француска резиденција од 19 век. Ако се суди по надворешниот изглед, тешко може да се претпостави дека внатре се крие иновативен бутик хотел. Се состои од 12 различни соби и големо предворје, а главната одредница се различните стилови кои се користени во аранжманот. Еден дел од фоајето, исто така, претставува луксуз од кристални светилки и кадифени софи, додека во вториот дел доминираат дрвена маса и столчиња, а на ѕидовите има слики во стилот на поп-арт. Сличен концепт е и во собите. Некои се со лесни бели тонови, а другите изобилуваат со силни бои.бордо_1 бордо_2 бордо_4 бордо_5 бордо_6 бордо_7 бордо_8

Испрати коментар

Scroll To Top