Еден од најдобрите имоти на вода во светот, кој се наоѓа во градот Кејп Корал на Флорида, ќе се продава на Absolute аукција, која ќе се одржи на 10 февруари.
Со неограничен пристап до вода, кој оди до Мексиканскиот залив и идеалните дестинации за риболов и едрење, и на само девет минути од пристаништето, овој прекрасен имотот е рај за љубителите на морето и сите можни активности на вода.
Прекрасната медитеранска вила се наоѓа на неколку минути одалеченост од светските луксузни плажи во Sanibel и Captiva Islands.
Оваа вила е со веранди кои се протегаат низ целиот заден дел, и нудат спектакуларен поглед на вода и отворен пристап до убавата клима на Флорида.
Внатре, формалните и неформалните простори се совршено придружени со две гастрономски кујни, два засебни простори за семејни забави, вклучувајќи и билјард соба, бар, ТВ сала и три приватни канцеларии, кои се идеални за работа во мир и тишина, или за опуштање со омилениот роман.
Двата пространи главни апартмани претставуваат ултимативен луксуз и нудат неспоредлив поглед кој е на располагање на сопствениците и нивните гости.
Елегантните завршни детали, како што се бразилското црешово дрво и травертин мермерот, може да се види во просториите на целата вила.