Brikk е американска компанија која е многу добра во создавање на висококвалитетни, луксузни уреди.
Кога станува збор за позлатени уреди, тие се уште и поефектни. Обично, уредот на кој тие работат е на iPhone, но овој пат американскиот бренд за луксузни додатоци се одлучи за нешто поинакво – Nikon DSLR фото апарат, декориран со 24 каратно злато.
Фотоапаратот Brikk Lux DF Nikon и објективот Nikkor 14-24 f / 2,8 се покриени со чисто 24 каратно злато, така што секоја сесија на фотографирање претставува и гламурозен настан.
Се очекува дека оваа камера и објектив во продажба ќе биде во текот на ноември. Комплетот ќе се продава во посебен луксузен пакет, а цената ќе биде околу 30.000 долари.