Понудата на Porsche Design претставува нешто што е беспрекорно креирано и совршено усогласено. Овој пат станува збор за ултимативен кујнски нож.
Како што велат од брендот Porsche Design, поради оптимални перформанси и непогрешлива прецизност во кујната, морате да се потпрете на дизајнерски сензибилитети, кои тие дефинитивно ги поседуваат. Тие создале кујнски нож кој ќе ви помогне да ги совладате сите потенцијални проблеми со кои евентуално ќе се сретнете.
Ножот со потпис на Porsche Design, Standard Chef’ knife е со должина 20 сантиметри, има ергономска рачка, која нуди комфор и стабилност во тек на работата и чини 119 евра.
Универзалниот кујнски нож според брендот е задолжителен дел на арсеналот на секој кувар, било да станува збор за професионалец или амтер. Новитетот на Porsche Design е направен од висококвалитетен јапонски Pure 301, нерѓосувачки челик.