Little People Project започна во 2006 година, кога уличниот уметник кој делува под името Slinkachu одлучи со своите минијатурни инсталации да привлече внимание на некои од глобалните проблеми како што се правата на работниците, невработеноста, негативните аспекти на капитализмот и потрошувачката култура .
Работата на овој уметник од Велика Британија ја чинат минијатурни фигури кои во облик на инсталација ги поставува на улиците низ целиот свет, а потоа ги фотографира и ги остава на изненадување на сите минувачи.
„Сцените што сакам да ги оживеам и насловите што им ги давам, ја рефлектираат осаменоста и меланхолијата на животот во големите градови, каде што луѓето се чувствуваат осамени. Но, под сето тоа секогаш постои доза на хумор. Сакам луѓето да се идентификуваат со малечките фигури во моите дела. Сакам да почувствуваат одредена емпатијата.“