Насловна / Арт и дизајн / Улична уметност на мали, урбани и хумористични дела

Улична уметност на мали, урбани и хумористични дела

oakoak3

Французинот познат под псевдонимот OakOak успева да ја исполни една од улогите на уличната уметност: да ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти.
Кога станува збор за овој креативен ум, кој се крие зад прекарот OakOak, можеме да бидеме среќни дека, и покрај тоа што не е професионален уметник, го прави она што му оди одлично: уметност. Преку денот функционира како pen pusher, како што на англиски жаргон се нарекува монотоната канцелариска работа, додека преку ноќ, се трансформира во уличен уметнички херој кој на улиците на францускиот Сент-Етјен создава мали, урбани и хумористични дела.oakoak8
Со своите дела веќе ги исполнил колумните на светските медиуми како што се бразилскиот БиБиСи или најголемите дневни весници во Пекинг. Неговата уметност често се јавува инспирирана од пукнатини и несовршеностите по тротоарите и улиците, и се претвора во убави уметнички интервенции.oakoak2
Најчесто може да се види во текот на ноќите во градот Сен-Етјен каде што живее, или своите дела ги создава на патувањата ширум светот каде што го остава потписот OakOak. Како омилен уметник го наведува Амадео Модилјани, а инспирација наоѓа во поп-културата, стриповите, филмовите, фудбалот, видео игрите и во неговиот роден град. „Го сакам Сен-Етјен и неговата атмосфера. Сакам да изгледа поубаво, и затоа го правам сево ова“.oakoak9 oakoak7 oakoak6 oakoak5 oakoak4 oakoak12 oakoak13 oakoak1 oakoak2 oakoak10 oakoak11

Испрати коментар

Scroll To Top