Градот Скопје извести дека поради изведување на градежни активности, од денес (02 ноември), целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улица „Сарај“, на потегот од Храмот „Св.Злата Мегленска“ до крстосницата со патот за село Љубин.
Возилата од Јавниот градски превоз, кои ги опслужуваат линиите 2 и 2А, ќе сообраќаат до Сарај (стара последна 2), во двете насоки.
Останатите возила од линиите 12, 32, 56, 56а, 60 и 160, а кои се движат од Цeнтар кон Сарај, од Исток кон Запад од улица „Ѓорче Петров,“ продолжуваат по Oбиколница – автопат до подвозникот за езерото Треска и продолжуваат по својата траса.
Во обратна насока, од Сарај кон Центар, или во правец запад и исток моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени преку Обиколница – автопат и продолжуваат по својата траса.