Во Монтреал за време на овие новогодишни празници се одржа натпревар за најдобра улична декорација, а победи дизајнeрското студио Turn Me On со идејата за Idea-O-Rama. Тие заедно со познатите канадски street art уметници Astrom и Jean-Françoisom Poliquin го осмислиле дизајнот на улични светилки во форма на познатите стриповски меурчиња во коишто вообичаено се сместени разговорите на стрип ликовите.
Секоја светилка има своја илустрација која одразува расположение, емоции или фрази поврзани со авенијата Mount Royal. Сите жители на Монтреал, но и неговите посетителите во овие оригинални украси ќе бидат во можност да уживаат до крајот на февруари.