Насловна / Вести / Украинските напади на руските рафинерии за нафта, оштетија значен дел од производните капацитети

Украинските напади на руските рафинерии за нафта, оштетија значен дел од производните капацитети

Во текот на два дена, украинските дронови ги напаѓаа рафинериите за нафта во Русија, оштетувајќи 12% од капацитетите за преработка на нафта. Прво беше предизвикан пожар во една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, Rosneft JSC Ryazan во близина на Москва. Работата на помалата рафинерија за нафта Novoshakhtinsk на југот на Ростовската област е запрена исто така по нападот со дронови, а сериозна штета е направена и во рафинеријата на Lukoil, Norsi, исто така во Ростовската област.

1_28

Нападот на споменатата рафинерија во Ryazan, која се наоѓа околу 200 километри од Москва, предизвика штета на постројка која произведува 17,1 милиони тони нафртени деривати годишно. Оваа рафинерија е главен снабдувач со бензин за главните региони на Русија. Капацитетот на рафинеријата Novoshakhtinsk е 5,6 милиони тони годишно.

1_29

 

Испрати коментар

Scroll To Top