Насловна / Вести / Украински компании заинтересирани за гасификацијата и изградбата на железничката мрежа

Украински компании заинтересирани за гасификацијата и изградбата на железничката мрежа

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со амбасадорот на Укрaина во Република Македонија, Наталија Задоржњук. Како што информираат од Министерството, на средбата Сугарески ја информирал украинската амбасадорка за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија.ambasadorka

Посебно биле отворени прашањата за капиталните проекти во делот на гасификацијата и изградбата на железничката мрежа во Република Македонија. На средбата министерот информирал дека во наредниот период следува засилен инвестициски циклус во инфраструктурата и ја отворил можноста за соработка со компании од Украина.

„Остварив средба со украинскиот амбасадор, на која разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на гасификацијата и железницата. Амбасадорката ме информира дека постојат компании што се специјализирани за овие сектори и се заинтересирани да учествуваат во реализацијата на овие проекти. Се надевам дека сите заинтересирани компании од Украина ќе пројават интерес на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за изградба на гасификациската и железничката мрежа во земјата“, изјавил министерот за транспорт и врски.

(Макфакс)

Испрати коментар

Scroll To Top