Полициските сили ширум светот во својот возен парк се почество вклучуваат електрични или хибридни возила. Овој тренд го следи и полицијата на Украина која купи 635 патролни автомобили Mitsubishi Outlander со plug-in хибриден погон (PHEV). На тој начин, реализиран е договорот што украинските власти го потпишаа со јапонската компанија во 2016 година, а со цел обнова на возниот парк на полицијата кој го сочинуваат и доста стари возила УАЗ.
Хибридните возила овозможуваат возење на електричен погон, но во случај на испразнета батерија се вклучува бензинскиот мотор. На овој начин се постигнува и подобра економичност и намалување на загадувањето во градовите.