Украинската влада воведе низа мерки за штедење на природниот гас во претстојната зима, меѓу кои и мерката за редуцирање на количината на гас што би ја потрошиле топланите и другите јавни компании, за 30%. Од друга страна, потрошувачите пак би добиле пониски сметки. Овој чекор е дел од владиниот план за супституција на гасот како енергент за греење.
Сите потрошувачи кои ќе ги заменат бојлерите за греење на гас, со бојлери на некој друг енергент ќе добијат 10% попуст. Според службените податоци, во украинските складишта за гас се наоѓаат 14,2 милијарди m3 гас, што со најригорозни мерки на штедење би било доволно само за до крајот на 2014-та, јавува британскиот портал ‘Silobreaker’.