Украинската влада ќе гарантира сигурен транзит на природниот гас низ нејзината територија на пат кон Европа, изјави украинскиот премиер Јацењук на состанокот на Европската енергетска заедница, одржан на 23 септември во Киев, посветен на енергетската сигурност. Премиерот Јацењук нагласи дека се залага и за енергетска солидарност помеѓу европските земји, која ќе доведе до зголемување на енергетската независност и сигурност.