Насловна / Арт и дизајн / Угледниот археолог Ендру Вилсон од Оксфорд ќе одржи предавања во Скопје

Угледниот археолог Ендру Вилсон од Оксфорд ќе одржи предавања во Скопје

halmyrislucymacdonald

Угледниот професор Ендру Вилсон од Универзитетот во Оксфорд, кој е водечко име во областа на римската археологија, од 12 до 18 април ќе престојува во Скопје каде што ќе одржи предавања на Филозофскиот факултет. Првото предавање со наслов The Archaeology of Economic Institutions ќе биде во вторник (14 април) од 12 часот во салата за седници при Филозофскиот факултет, а второто излагање со наслов „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“ ќе се случи во четврток (16 април) од 12 часот на исто место.

Покрај наведените предавања, кои се резултат на соработката меѓу Филозофскиот факултет во Скопје со Универзитетот во Оксфорд, професорот Нилсон ќе одржи уште едно предавање во петок (17 април) во Археолошкиот музеј на Македонија заедно со професорката Драгана Младеновиќ од Универзитетот во Единбург и Ине Џејкобс од Оксфорд. Темата е Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy. Предавањата на Ендру Вилсон се овозможени со поддршка на фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон.

Испрати коментар

Scroll To Top