Компанијата Panasonic ја извести јавноста дека клима уредот Etherea CS-Z9TKEW е добитник на наградата за дизајн (iF Design Award) за 2017 година. Како што се истакнува, се работи за едeн од најпрестижните дизајнерски натпревари во светот, при што на меѓународното жири особено му се допаднала малата длабочина (помала од 20 cm), елеганцијата, ниската бучава (само 19 dB), екологијата и енергетската ефикасност (A+++ ) на уредот.
Освен тоа, уредот поседува интелигентни сензори ECONAVI со што се следат движењето и бројот на присутни во просторијата, како и интензитетот на сончевото зрачење. На тој начин се овозможува заштеда на енергија и до 38%. Користи еколошко ладилно средство R 32. Овој клима уред ја доби престижната награда во конкуренција од 5500 производи.