Користењето на свежите и силни тонови и бои е веќе проверен начин на кој може да се проектира станбениот простор и тоа да биде со загарантиран успех. Но, не секогаш архитектите се одлучуваат за употреба на ваквите бои. Во продолжение ќе разгледаме пример каде силните бои и тонови се изоставени.
Овој стан со својата отворена основа и употребата на истакнати природни материјали како дрвото, текстилот и стаклото, го прават да изгледа модерно и урбано.
Мебелот во дневната соба на своите корисници им дава целосно опуштање во домашната атмосфера поради неговите благи линии, а целокупниот амбиент го надополнува видливото огниште, кое освен топлината што ја шири дава и многу пријатна визуелност.
Исто така, интересно е да се споменат и дрвените елементи на плафонот, кои претставуваат модерна интерпретација на традиционалните меѓукатни конструкции, кои пак само ја надополнуваат пријатната природна атмосфера.