Кој би помислил дека од стари делови од авион може да се направи нешто толку иновативно како оваа неверојатна фотелја.
Дизајнерска компанија од Велика Британија изработила удобна фотелја од стари делови од мотор од боинг 737.
Надворешноста на фотелјата е алуминиумска додека мекиот дел е изработен од црна кожа.
На веб страницата на компанијата нема цена за ова парче мебел, но може да се претпостави дека нема да биде баш евтино.