Кина доминира во експанзијата на сите главни технологии за енергетска транзиција на глобално ниво. Според податоците на Глобалниот совет за енергија од ветер, во 2023 година, оваа земја пуштила во погон ветерни електрани на море (офшор) со вкупен капацитет од 6,3GW, што е 71% од вкупниот новоизграден капацитет на светот.
За Европа, минатата година била рекордна со 3,8GW нов капацитет во ветерни паркови на вода. Холандија е заслужна за половина во оваа бројка, и ја престигнала Велика Британија.