Светлата и забавна зграда на училиштето St. Coletta која се издвојува од својата околина, проект на Мајкл Грејвс е ценета поради нејзиниот дизајн кој им носи надеж на семејствата на деца со попреченост во Вашингтон.
St. Coletta е основано во 1959. година од брачен пар со дете со Даунов синдром. Бидејќи семејството се соочувало со борбата за пронаоѓање образовен систем кој би оодговарал на нивното дете, решиле да го основаат училиштето како специјална образовна установа која ги сервисира и образува децата со попреченост.
Светлите бои и едноставните форми го прават многу прикладно за луѓето на кои зградата им служи, бидејќи е забавна, разиграна и примамлива.
Раководени од филозофијата на училиштето дека сите деца се посебни, Michael Graves & Associates во проектот се занимавале со формални, функционални и еколошки прашања.
Зградата од 30.000 квадратни метри изградена 2006 година има големи елементи, влез и заеднички објекти, поставени долж Авенијата на независноста. Обликувани се како геометриски павилјони обложени со шарени глазирани плочки.
Наставните апартмани за 50 до 70 ученици се изградени како низа од двокатни „училишни куќи“ со приватни градини. Одвнатре, куќите излегуваат на заедники простор со двојна висина, наречен „селско зелено“. Објектот, исто така, вклучува просторија за заедницата и фискултурна сала за учениците. Овој голем распоред одлично ги сместува сите програми што ги води институцијата, вклучително и дневна програма за возрасни.
Вкупните трошоци достигнале околу 32 милиони долари, издвоени средствата од Конгресот, обврзница обезбедена од Банката на Америка и од кампањата за собирање донации. Она што најмногу ги воодушевува гордите родители, соседи и воопшто жителите е добриот проект на секој аспект од објектот.
Учениците се на возраст од три до 22 години, а се сместени според возраста во една од петте индивидуални „куќи“. Внатрешноста на секоја куќа е обоена во различна боја, која станува средство за пронаоѓање патишта и исто така им помага на учениците да се идентификуваат со нивната „заедница“, витален дел од училишната филозофија.
Во градот кој на почетокот изгледал нечувствителен за потребите на децата, родителите биле воодушевени кога виделе фискултурна сала за колеџ тим и кујна погодна за ресторан. Објектот вклучува и установа за нега, центри за физикална терапија и сала за хидротерапија. Има и студиа за уметност и музика и сензорни соби дизајнирани да ги стимулираат учениците со светла, бои и звуци.
Разиграноста на светлината во централниот атриум со заоблени тавани и светларници придонесуваат за доживувањето, бидејќи просториите се осветлени, а боите се појачуваат со протокот на природната светлина.
Иронично, во рана фаза на планирање на проектот, Грејвс се разболел од мистериозна болест што го оставила делумно парализиран и врзан за инвалидска количка. Џон Диебл, партнер на Грејвс во проектот, за ArchDaily вели дека ова му овозможило на Грејвс уште поголем увид во потребите на корисниците на објектот и населението.
„Отсекогаш нè привлекувале проекти за деца“, напиша Дибел. „Меѓутоа, ништо во нашите животи не нè подготви за денот кога Мајкл Грејвс и јас првпат го посетивме училиштето St. Coletta. Доживеавме непосредна врска со учениците и персоналот и сфативме дека ова ќе биде доживотен предизвик и извонредна можност“.