Луѓето и кучињата коегзистираат хармонично во „Едукан школата за кучиња, луѓе и други видови“, необичен проект поддржан од мозокот на шпанските архитекти Енрике Еспиноза и Лиза Вилалба.
Сместено во рурална област западно од Мадрид, која зафаќа површина од 984 квадратни метри, се користи за обука на кучиња и е проектирано да го поттикнува исконското кај животните.
Целиот проект има за цел да помогне во обновувањето на природниот поредок на локалниот екосистем, за кој архитектите веруваат дека е изгубен поради неодамнешниот напредок во урбаниот развој и земјоделството кои во голема мера се потпираат на пестициди, пишува Wallpaper.
Објектот ги става животните, а не луѓето, во центарот на проектот кој ги разгледува сите аспекти од гледна точка на кучето. Подовите, на пример, се дизајнирани да се газат со шепи, а не со чевли, при што се земаат предвид чувствителните перничиња на кучињата.
Со изборот на материјалот, авторите имале предвид намалување на отпадот, па така дошле до транспортни контејнери кои сега нудат засолниште за различни животни.
Исто така, индустриските плочи од лим се стандардизирани по големина за да се обезбеди нула отпад, додека автоматизираните климатизери и рачните контроли – како што се ролетните и завесите – обезбедуваат секојдневното работење на училиштето да биде енергетски поефикасно колку што е можно.
При проектирањето на ова катче погодно за животните, авторите навлегле во најмалите детали. Отворите во зградата се направени за да ги обесхрабрат кучињата да ја напуштат зградата или да им го одвлечат вниманието, а ролетните за прозорците се поставени со намера да обезбедат сенка за четириножните животни.
Има и пенаста изолација која го апсорбира звукот и ја намалува бучавата од лаење, кучешкиот „говор“ и ехото во внатрешноста, со што се создава похармонична атмосфера низ објектот.
Овој пример на „животинска архитектура“ не е корисен само за кучињата, туку и другите видови, како птиците и лилјаците, се чувствуваат како дома во оваа средина, со што придонесуваат за обновување на локалниот екосистем.
Дождовницата од покривот се собира во големи корита за птиците и кучињата, додека птиците ги прават своите домови на катот.
Врапчињата претпочитаат кружни дупки на рабовите на транспортните контејнери, додека лилјаците претпочитаат да се гнездат во 3D буквите од зборот „Едукан“ напишани на фасадата на зградата.