Насловна / Архитектура / Училиште во Загреб создава точки на средби

Училиште во Загреб создава точки на средби

Основното училиште Ивања Река се наоѓа во контактната област на градското и приградското ткиво на Загреб. Во поранешниот природен слив на реката Сава, кој се карактеризира со чести поплави и нестабилен терен, изгледа како фатаморгана на носачот на авиони.

2

0

Училиштето е артикулирано како централно место на иницирање и консолидација на јавните објекти во населбата Ивања Река. „Во нагласено отсуство на јавни програми, го добива значењето на инфраструктурно ткиво, со што населбата Ивања Река станува  едукативно, социјално и јавно опремена“, велат проектантите Иво-Лола Петриќ, Марија Бурмас и Јакша Калајжиќ од бирото „Субмап“ .

1

Авторите го препознаваат потенцијалот, дека во изразеното отсуство на јавна инфраструктура и неможноста за воспоставување директен дијалог со контекстот, самото училиште станува „централно место на иницирање и консолидација на јавните содржини на населбата“ и на тој начин формира јавна пешачка зона со скалест плоштад/парк кој ја поврзува парохиската црква со спортските содржини на училиштето. Најзападната зона е мирно подрачје на училишни градини наменети само за корисниците на објектот.

4

Богатото испреплетување на внатрешните и надворешните содржини ја брише границата помеѓу внатре и надвор, што се должи и на „случајните“ простори создадени како технички одговор на можната опасност од поплави во областа.

5

„Конфигурацијата на училишната зграда свесно се спротивставува на зонирањето на парцелата со нехиерархиско уредување на содржините. Два основни принципи на организација на просторот, поставувањето, иницираат точки на потенцијални настани – Места“, велат авторите.

6

7

3

Испрати коментар

Scroll To Top