Шпанското архитектонско студио ABLM Arquitectos, во својот проект за училиште во Саламанка, применило интересен и иновативен концепт за фасада. Со употреба на огледала во горниот дел од фасадата, архитектите овозможиле објектот со значителен дел да се вклопи во околината, односно да се претопи во пејсажот и небото.
Долната половина од објектот е исто така многу интересна со цел да се создаде пријатен амбиент за децата, и обоен е во ленти со седум бои. Колоритниот под е изработен од керамички плочки.
Необичниот дизајн сосема одговара на намената на објектот и е навистина инспиративен, но има и своја поширока цел. Имено, оваа област од Саламака каде е лоцирано училиштето (La Armuña) е во фаза на засилена индустријализација, и голем број од новоизградените објекти се фабрики и деловни згради. Со изведбата на рефлектирачката фасада, архитектите сакаат да го ублажат ефектот од бројните згради врз средината и „губењето“ на празниот простор.