Манифестацијата Салон за архитектура е најважниот настан кој го организира Друштвото на архитекти на Нови Сад – ДаНС, како редовна програмска активност, континуирано од 1993. година. На Салонот за архитектура Нови Сад се доделуваат награди и признанија во неколку различни категории. Салонот се организира во биенален ритам од 2009 година. Од 2016 година, Салонот за архитектура Нови Сад и дефинитивно е од меѓународен карактер, воедно е и место за регионален преглед на архитектонската продукција. Затоа, во конкуренција за сите награди на Салонот, се натпреваруваат дела создадени или реализирани на просторот на поранешните југословенски републики, како и Унгарија и Романија.
Поради епидемиолошката состојба, овогодинешното издание на 22. Салонот за архитектура се одржа во онлајн верзија. Ова значи дека избор на архитектонски проекти од регионот е прикажан на специјално дизајнирана веб-страница. На овогодинешниот салон пристигнати се пријави на 236 проекти од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Унгарија и Романиј, за жал од Македонија нема ниту едена пријава.
Жирито на овогодинешниот салон кое го сочинуваа: Даниела Шкарица (Студио СКРОЗ), Драган Маринчиќ (Студио М +), Маја Иванич (DESSA), Леонид Нешиќ (NES-Invest), Срѓан Тадиќ (Фока и Бумбар) и Дарио Кристиќ (фриленсер архитект), донесе одлука, добитник на ГРАН ПРИ на 22. Салонот за архитектура Нови Сад е објекот на Основното училиште во Поповача, проект на архитектите Миа Рот и Тончи Черина.
Големата зграда на основното училиште „Зорка Север“ во Поповача, сместена е во рамница, недалеку од Загреб, Хрватска. Со влегување во недопрена рамница, помеѓу поток и сообраќајница, големата зграда ја вовлекува заедницата во своиет програмски содржини.
Жирито во својот извештај вели: „Проектот за училиштето и покрај своите големи, програмски дефинирани димензии, неочекувано суптилно се интегрира во непосредниот пејзаж, реагирајќи позитивно на контекстот на еден мал град и создавајќи дополнителна вредност. Со непоходна едукативна содржина, креирање широко поле на нови рекреативни содржини внатре и надвор од зградата, наменети првенствено за учениците, а потоа и за останатите граѓани, оваа институција станува жариште на градското собирање и поставува нови насоки во размислувањето за воспитно образовната типологија“.
Училиштето е осмислено како комплекс на сала и училиште, организиран околу основните пристапни патишта и придружните заеднички простори. Со две стапки на земја, поврзани училници на катот, училиштето воспоставува просторна точка на идентификација на заедницата. Разновидните потреби на обемната програма во питомо опкружување се реалчизирани со двоводен кров на континуирана бронзена фасада, велат авторите на проектот.
Главните пристапи истовремено се и местата за собирање на влезот во училиштето и салата, артикулирани и обединети со трем. Со пешачки продор до спортскиот дел на парцелата на север, овозможено е користење на игралиштето во време кога нема настава, како и поврзување со планираната зона за рекреација. Одделни целини на надворешните содржини, заедно со големото зеленило на парковите, интегрирани се во единствено урбанистичко-хортикултурно решение: острови шуми, дворови, спортски терени или паркинзи се истакнуваат во пределот на Поповача со разновидноста на материјалите како нова форма на култивиран пејзаж.
Дневната светлина во училниците е контролирана од комбинација на склопливи перфорирани брисолеи и кружни надсветла. Монохроматските материјали – конструкција, полиуретански подови и асфалтни површини – се неутрална основа на жаришта на собирање или слободни интервенции кои го населуваат просторот за време на училишниот живот, заклучуваат авторите.