Насловна / Вести / Училиште во Израел со интересен ентериер

Училиште во Израел со интересен ентериер

Uciliste vo izrael

Шаренило од бои, удобни простори за читање, одмор и игра, се вешто распоредени во ентериерот на основното училиште „King Solomon“. Забавниот простор, што нуди креативна и поопуштена атмосфера за учење, е изработен по проект на архитектите од студиото „Shoshany Architects“.

Uciliste vo izrael1
Идејата на архитектонското студио била да се креира возбудлив и интересен простор за учење, односно да се оттргнат од идејата за класичните училници и распоред на простории во училиштата. Ѕвездата била симбол за целиот дизајн, како симбол за поврзаноста на човекот со заедницата, природата и со моралните вредности.

Uciliste vo Izrael4

Дел од училниците имаат интересни простори за одмор, читање и игра, полни со светли и енергични бои, меки удобни вградени фотелји, каде што децата може да се изолираат од вревата и да одморат или, пак, да учат. Интересна е и целата кафетерија, која е прекриена со симболи поврзани со храната во разновидни бои.

Uciliste vo Izrael2

Забавен простор е и библиотеката, каде што полиците се дизајнирани како автобуски постојки, со цел децата да може да фантазираат дека чекаат автобус за патување низ светот на книгите и на приказните.

Uciliste vo izrael3

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top