Насловна / Архитектура / Училиште во индиската пустина Тар кое се претопува и израснува од пејзажот

Училиште во индиската пустина Тар кое се претопува и израснува од пејзажот

Сместено во пустината Тар на северот од Индија, женското училиште Rajkumari Ratnavati е изградено за да образува и учи повеќе од 400 девојчиња на возраст од пет до 16 години.

2_resize

11_resize

Архитектите од бирото Diana Kellogg Architects со седиште во Њујорк, се осврнале на симболи на женственост и блиските песочни дини за да создаде градба слична на тврдина која ќе се вклопи и ќе прерасне со пејзажот.

3_resize

„Како жена архитект проектирајќи за жени, гледав женски симболи во различни култури, а особено симболите на силата“, вели Diana Kellogg за Deezen.

„На крај се определив за оваа овална форма, која претставува и одекнува во мене како формулација на бесконечност“, додава таа.

12_resize

„Знаев дека сакам да направам зграда која истовремено се претопува и израснува од природниот пејзаж, слично како песочниот Jaisalmer (град во непосредна близина).”

Изградено од локален камет, рачно клесан, училиштето слично на тврдина од 836 квадратни метри се состои од три кружни елементи.

10_resize

Тие се состојат од голем надворешен ѕид кој се обвива околу периметарот на училиштето, внатрешен ѕид кој ги затвора и ги опкружува училниците, како и овален двор.

Дворот го акцентира центарот на училиштето и го изразува обликот на околните sидови.

4_resize

13_resize

Делови од камените sидови се перфорирани за да се разлади просторот и да се засенчи од сонцето.

„Сакав проектот на училиштето да обезбеди сенки за девојките во дворот“, вели Kellogg. „Ја намалив ширината за да може да има настрешница на отворениот простор во топлите месеци“.

„Формата на елипса се чинеше најприроден начин да се направи тоа. Облите форми им беа познати на мајсторите, бидејќи структурата на тврдината беше серија кружни форми”.

14_resize

5_resize

Дрвените врати водат од дворот преку компјутерски центар и збир од 10 училници кои се поврзани со низа завиени ходници.

Отворите во училниците создаваат сегменти од светлосен ефект во текот на денот и овозможуваат природна вентилација.

6_resize

Рампата помеѓу перфорираните sидови формира засенчен ходник кој води до подигнатата патека до покривот.

Перфорираниот парапет кој ја опкружува надворешната страна на патеката по висина се стеснува. Неговиот дизајн е реинтерпретација на решетки, кои традиционално се користат за да се обезбеди приватност.

8_resize

Под поплочан со син мозаик се протега по патеката, додавајќи светол и ладен контраст на жолтиот камен.

„Ефектниот дизајн е процес кој бара длабоко разбирање на историјата на едно место – неговата култура, топографија и народниот јазик“, вели Kellogg.

1_resize

„Сакав да направам зграда за просторот, светлината и заедницата, а не за дизајнот – градба која што одекнува со душа и ги присилува природните енергии да ги негуваат и лекуваат девојките и девојчињата“.

Diana Kellogg Architects го ориентирале училиштето на начин да го зголемат ветерот со што е овозможено пасивно ладење на зградата.

9_resize

Објекот вклучува и системи за собирање вода, кои ја собираат и рециклираат дождовница низ целото училиште.

Соларните панели кои ги снабдуваат со енергија светлата и вентилаторите поставени се на кровот на челична конструкција, која воедно е и настрешница.

7_resize

Училиштето е изградено како дел од поширок проект нарачан од непрофитната организација CITTA, чија цел е опремување и поддршка на заедниците ширум светот.

16_resize

Испрати коментар

Scroll To Top