Shreyas Patil Architects се проектанти на предшколската установа KLE Sanskruti во Нипани, Индија, која наликува на куќа играчка. Масата е проектирана со одредена невиност во своите прилично рудиментирани форми и геометрии. Цели форми на разиграна конструкција, конзоли со вдлабнати прозорци, покрај триаголници кои ја прекинуваат фасадата го прават училишниот блок, засенчен во тонови на бела, жолта и сино-зелена боја.
Просторот е проектиран и според чувствителноста на климатските услови – важен критериум за просторите за учење. Овозможено со архитектура која одговара на северното осветлување и вкрстената вентилација, се создава простор кој дава атмосфера за учење, размислување и чувствителност.
Проектирано со особено внимание, архитектурата на Sanskruti Pre-primary Schoo прави разигран амбиент кој предизвикува радост и ја разгорува љубопитноста кај секое дете. Училниците облеани со сонце со двобојни ѕидови, создаваат топла и привлечна атмосфера за напредување на младите ученици, додека пространите простори за игра, дополнети со интерактивни елементи поттикнуваат физичка активност и имагинативна игра.
Shreyas Patil Architects ја обликувале фасадата свртена кон југ со триаголни прозорци – некои рамнокраки, повеќето рамнострани, но сите создаваат интересни перспективи кон надвор. Овие прозорци, сепак, не се само дизајнерски елемент; нивната функција во хармоничното работење на секој елемент во оваа зграда е фокусна. Од првото до последното ѕвонче, сончевата светлина што минува низ нив фрла интересно обликувани сенки во просториите за учење. Сè што е потребно за погодна и ефикасна средина за учење.
Мноштво жардинери на фасадата и источниот и западниот фронт ја разбиваат монотонијата на масите. Пред вдлабнати прозорци, овие кутии за зеленило помагаат и во исполнување на барањата за chajja. Сhajja е стреа или настрешница која ја има во индиската архитектура. Се карактеризира со големи потпорни носачи со различни уметнички дизајни. Варијации има и во димензиите во зависност од важноста на објектот.
Од смели форми до најситните детали, дизајн во контекст на своите корисници е централен фокус на овој проект. „Училиштето може да биде продуктивно само онолку колку што се мотивирани учениците во него“, забележува тимот на Shreyas Patil Architects.