Насловна / Вести / Училиште во Данска – пример за одржливост во архитектурата

Училиште во Данска – пример за одржливост во архитектурата

ucliste vo Danska1

Неодамна, компанијата „C.F. Møller Architects“ од Данска ги откри плановите за револуционерна зграда која ќе се гради во Копенхаген до 2017 година. Таа ќе биде наречена Меѓународно училиште во Копенхаген и ќе биде најголемо училиште во градот.

Uciliste vo Danska1
Покривите на зградата ќе бидат опремени со 12.000 соларни панели кои ќе обезбедуваат повеќе од половина од електричната енергија што е потребна за училиштето во кое ќе учат 1.200 ученици и ќе работат 280 луѓе.

uciliste vo Danska„Зелениот“ кампус ќе има сè што има и секое друго училиште – сали, кафуле и библиотека. Освен генерирањето на енергија од обновливи извори, училиштето ќе има и предмети за соларна енергија со кои учениците може да ги набљудуваат податоците за производство на енергија и да научат алтернативни начини за производство на енергија. Значи, еден вид едукативен технолошки парк. Навистина импресивно.

Uciliste vo Danska - primer za odrzlivost1

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top