Жолтите „вдлабнувања“ во ѕидовите им овозможуваат на децата да си играат, односно да можат да влезат и да се сместат или преминат во другиот дел, а исто така во рамките на тие „вдлабнувања“ има и дрвен мебел кој се извлекува по потреба. Ова училиште се наоѓа во Мадрид, и осмислено е така што во него децата низ игра учат англиски јазик.
Проектот е дело на компанијата Rica Studio, а училиштето „English for Fun“ едно од водечките училишта за англиски јазик во Мадрид, со мисија да побуди креативност и фантазија и да ги стимулира сите сетила. Центарот го користи пристапот „Reggio Emilia“ во наставата за децата што учат странски јазик. Оваа метода вклучува игра, визуелно учење и изградено опкружување. Наместо да се користи одвојување по линија на ходникот со училници од двете страни, архитектите проектирале дебели ѕидови со простор за игра и истражување.
Жолтите склопени челични плочи ја сочинуваат ѕидната конструкција. Модуларните елементи се направени од светло буково дрво и се наоѓаат во процепите над и под рамките, и се користат за чување и изложување на детските изработки. Овие интересни катчиња се отворени и кон училниците и кон ходникот.
Архитектите осмислиле генерички модул за мебелот, така што столчињата, клупите и орманите може да се сместат во рамките на ѕидовите кога не се во употреба, што овозможува полесно преуредување на училниците.
Видео:
Извор: gradjevinarstvo.rs