Насловна / Архитектура / Учебникарството е основната алатка во образовниот процес: „Проектирање општествени објекти за здравствена заштита“

Учебникарството е основната алатка во образовниот процес: „Проектирање општествени објекти за здравствена заштита“

Учебникот „Проектирање општествени објекти за здравствена заштита“ од авторите Михајло Волканов и Михајло Зиноски, издаден е од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Архитектонски факултет Скопје.

Структурата на текстот и редоследот на насловите во седум поглавја со вовед, како и завршните согледувања, претставуваат низа тематски поврзани, но потенцијално независни, релативно заокружени целини, што секако може позитивно да се оцени, со оглед на целната група за која е наменето ова издание, како и со оглед на статусот на учебникарската литература.

1. naslovna_001

Неспорно корисна и квалитетно поставена типолошка анализа на објекти од „општествен стандард“, како што биле нарекувани порано, оваа книга претставува заокружена и успешна реализација на сложената задача на запознавање на студентот со проблемите на проектирањето на архитектонскиот простор во областа на медицината. Критички насочен, текстот ги открива каузалноста и консеквенциите во структурата и типологијата на овој вид објекти.

02

Со оглед на тоа што во овој учебник преовладуваат техничките и нормативните информации, за младиот архитект е исклучително важно, при неговиот прв допир со професијата, да разбере дека архитектонското проектирање е креативна примена на конкретни, однапред дефинирани норми. Архитектурата не нè одбра нас, туку ние се определуваме да ја изучуваме како една од древните професии на човештвото. Проектантскиот талент е само еден мал дел на којшто завршува просечноста, но за да се биде добар проектант, потребно е знаење. Оттука произлегуваат инженерските атрибути на професијата, кои во понатамошната кариера се надградуваат и го опремуваат архитектот со проектантско знаење. Учењето архитектура е занает. Потребни се методи и техники за совладување на целта. Она што ја прави архитектурата креативна дисциплина, тоа е претпоставената цел која на почетокот не ја знаеме. Она што го знаеме се техниките на патот кон остварување на таа цел. Учењето е патот кон таа цел.

3. str. 60,67_001

Секоја школа за архитектура која претендира да биде добра потребно е да ги унапредува методите и техниките на учење, а токму учебникарството е основната алатка во образовниот процес.

Кога станува збор за архитектонско проектирање на општествените објекти за здравствена заштита, слободно може да се каже дека пациентот, лекарот и технологијата се клиенти на архитектот. Психолошката состојба на пациентот, медицинската доктрина на лекарот, техничко-технолошките карактеристики на медицинската опрема се аспектите на предзнаењето за архитектот. Дури откако ќе ги совлада, тој може да пристапи кон проектантскиот процес и, според сопствениот капацитет, да понуди креативно решение.

Медицината е развојна дисциплина која е дериват на прогресивните природни науки, како што се: биологијата, хемијата, физиката, биохемијата и биофизиката. Типолошките поделби на здравствените објекти од модерната доба веќе не ги задоволуваат специјалистичко-дијагностичко-терапевстките методи, потпомогнати со технологијата и развојот на горенаведените науки. Оттука, да се вратиме на почетокот, занимавањето со архитектурата како дисциплина е определено од природата на професијата, а тоа е постојаната желба за надградба и изнаоѓање подобри решенија што ќе соодветствуваат со перманентниот прогрес во медицината како дисциплина.

1968-the-most-modern-clinical-hospital-in-europeconnected-with-the-FA2T6K

Во предговорот на учебникот проф. Б. Петровиќ од Белград вели: „Авторите ја користат можноста, низ елаборација на темата за архитектонската организација на просторот на медицинските установи во земјата и пошироко, да отворат и низа прашања што всушност, се занимаваат со поширока проблематика.

На прво место тоа е социокултуролошката условеност на архитектурата, што не е нов дискурс, но она што на овој текст не може да му се оспори е и јасниот став за невозможноста да се воспостават универзални мерки за квалитетот на архитектонското дело, пледирајќи во корист на разбирањето на неговата обврзаност. Истовремено, следејќи го Бодријар и неговата теза околу организирачката општествена форма во смисла на движењето од продукциската основа кон симулацијата, во овој текст, помалку или повеќе експлицитно, се појавува и одредбата „организирачка форма на архитектурата“, значајна карактеристика на овој вид функционално прилично сложени објекти.

Второ, овој наслов се занимава со помалку подзаборавениот, но секако важен, ако не и најбитен елемент на занимавање со архитектурата и градењето, а тоа е синтаксичкото ниво на архитектонскиот јазик. „Претставата“ за синтаксичката рамнина секако го подразбира сфаќањето на основните функционални карактеристики на архитектонскиот (организиран) простор, како и други употребливи предмети, како што можеме да констатираме. Овде функционализмот, односно разбирањето на примарноста на начинот на функционирање игра истакната улога. Кога архитектурата е во прашање, ситаксичката рамнина на комуникација се однесува на разбирањето на основните карактеристики на организираниот простор, и тоа еднакво од аспект на создавачот архитект како и од оној на лаикот корисник. Во вака поставената рамка се подразбираат, заедно со претходно споменатиот начин на употреба (што овде е, да речеме, примарно), истовремено и останатите битни елементи на архитектурата – структурните и појавни склопови, нивните меѓусебни односи, како и односите на другите поединости и целината итн.

Во тој „посебен свет“ секако важат посебни правила, што се менуваат, но коишто мора да се учат и да се познаваат, бидејќи тоа е услов за добра комуникација и квалитетна организација.

Понатаму на таа линија, воспоставувањето на типолошки препознатливи облици непосредно се доведува во врска со битната улога и карактерот на легислативата, која без сомнеж, има свое силно влијание, особено во оваа област. Нефлексибилни и со предоминантно влијание во целина, нормативните одредници ја покажуваат сопствената (не)релевантна смисла и потекло кое, во овој случај, датира од минатата социокултуролошка епоха. Но тоа е, се вели во овој наслов, сосема очекувано.

3. str. 60,67_002 (1)

Она што е, сепак вистинска дилема е – следното: дали строгото нормирање во проектирањето и изградбата на медицинските установи навистина штити од „промашувањата“ и потстандардните реализации, или пак, неизбежно ги сведува нивните просторни квалитети на просечна вообичаеност?

Прашањата остануваат отворени, но дострелите на овој учебник ја потврдуваат тезата на неговите автори дека веќе минималната флексибилност во обмислувањето и формирањето правила, како и постојаното преиспитување на нивната поимна основа, сигурно може да донесе ново, поквалитетно ниво на вкупниот резултат.

Не постои друг вид јавни објекти каде што е тоа позначајно и поважно од медицинските установи, каде што општеството во полна мера, го манифестира својот став кон сопствениот фундамент.

Во периодот што следува, а во прилог на книгоиздавателството, за студентите по архитектура ќе има и учебници од областа на објекти за трговија, архитектура на објектите за транспорт и сообраќај на населението, на објектите за спорт, рекреација и физичка култура.

Учебникот е достапен на официјалната веб-страница на УКИМ, https://www.ukim.edu.mk/

Автор: проф. д-р Михајло ЗИНОСКИ

Испрати коментар

Scroll To Top