Дали постои совршенство? Дали постои идеален тип на убавина? Дали ве прашуваат која е според вас најубавата жена во светот, и кој е вашиот одговор?
Едно е сигурно, не постои еден точен одговор на ова прашање. И тоа дефинитивно може повторно да се потврди благодарение на серијата фотографии на авторката Mihaela Noroc. Оваа фотографка со романско потекло, пред две години ја напуштила својата поранешна работа, зела еден ранец и камера во рака и почнала да патува низ светот. За време на нејзините патувања, на коишто посетила 37 земји, фотографирала вистински жени во нивните природни моменти, опкружени со својата култура.
Нејзиниот проект се вика „Атлас на убавина“ и ја претставува разновидноста на планетата низ убавите и спонтани портрети на жени. Патувањето со намален буџет низ 37 земји на оваа авторка и овозможил влез во различни слоеви на општеството и нивните животни средини. Заклучокот е: убавината е навистина во окото на набљудувачот. И не е прашање на агресивната индустрија за убавина, туку на верноста кон себе.