Во југозападниот дел на Франција, се наоѓа стара селска куќа која од страна на дизајнери и архитекти е претворена во модерна и елегантна резиденција. Сместена во селото Мазерес, опкружена со убава глетка, куќата се шири на три ката и се состои од неколку мали објекти.
Масивната камена фасада била целосно реновирана и зачувана и истите ѕидови ја красат и внатрешноста на куќата. Но, освен камен, во ентериерот доминираат современи материјали, минимализмот и прави линии, заради што општиот впечаток е многу впечатлив. Катовите се поврзани со галерии со модерна конструкција кои придонесуваат за целокупниот изглед на ова прекрасно здание.