Насловна / Ентериери / Убави ентериери: Кафетерија „Гарден“ во Тетово

Убави ентериери: Кафетерија „Гарден“ во Тетово

1
Ако одите во Тетово, несомнено ќе ве привлече едно интересно и необично место. Тоа е кафетеријата „Гарден“, место кое го оправдува името со својот прекрасен и релаксирачки амбиент. Ентериерниот проект е дело на LD Studio од Тетово. Студиото го чинат креативниот брачен пар, архитектот Афродита Абдиу и градежниот инженер Бурим Абдиу. Тие отпочнуваат со работа во 2007 година, па досега имаат реализирано мноштво проекти, претежно ентериери на повеќе приватни куќи, кафетерии, ресторани, амбуланти и сл. 2
„Работата на архитектите кај нас е таква, добро позната на сите, дека мора да се подлегне на барањата на клиентите, но сепак се трудиме со тешкотии да стоиме зад тоа што сме, да ја објасниме и оправдаме нашата гледна точка“, објаснува Афродита за „Порта 3“.

3

Но, ентериерот на „Гарден“ не е таков случај. Овде креативците добиваат тотална слобода за креирање на концептот. Единствени барања на клиентот се кафетеријата да биде необична и уникатна со пријатна и топла атмосфера, и да има посебно место за подготовка на свежо цедени сокови како еден акцент на природноста.
4

Тргнувајќи од овие насоки, инженерите Абдиу создаваат еден необичен, весел и релаксирачки концепт, спакуван под брендот „Гарден“. Просторот во основа има 155 м2, што претставува релативно голем простор за организација со доста голема висина. За да ги намалат сразмерните разлики меѓу човекот и големиот простор и да создадат чувство на удобност, тие се решаваат на концептот „простор во простор“, така што седењето го групираат во помали простори во форма на метални куќарки распоредени низ „градината“. Овие куќи дефинираат пријатност и топлина, бидејќи носат меморија на најтоплото и најудобното место за човекот – неговиот дом. Чувството е нагласено и со лежерно поставување на столиците во просторот. „Секоја куќарка носи свој посебен амбиент различен од другите, и овозможува секој посетител да се пронајде себеси и своето омилено место за уживање во кафето и просторот што сам го одбрал“, додава Афродита.

5
Пред LD Studio се исправува уште еден предизвик, а тоа е визуелното намалување на висината на просторот, како и спроведување на првичната идеја за висечка градина која беше елиминирана поради скапата цена и непостоење услови за одржување на растенијата со хидропона техника. Затоа, Абдиу се решаваат на делумна компромисна варијанта со обесување на вештачки цвеќиња како цветна градина низ целиот плафон, при тоа испреплетени со сијалици кои додаваат магична нота на просторот.
6
Осветлението го решаваат со огромна суптилност, така што низ просторот ќе сретнете ламби со уникатен дизајн, повеќето рачно изработени. Над една од куќарките се сместени ламби со четири различни абажури со мотиви од флора и фауна, на ѕидовите странично како тродимензионално продолжение на белата тапета со текстура на дрвја се наоѓаат ламби закачени на гранки од дрвја, како и металните, отворени ламби изработени од метални прачки во црвена и црна боја, сите тие го оплеменуваат и стоплуваат секое катче од просторот. Главна карактеристика на стилот на ентериерите на LD Studio е употребата на природни материјали, во случајот: металот, дрвото и црвената тула. Овој ентериер зрачи со уникатност, не само по својата идеја туку и по изработката на уникатни предмети по нацрти на Афродита и Бурим, кои му даваат особен печат на просторот како што се бројните светилки, лустери, столици, дрвени и метални маси. Придружени со ѕидовите од природна тула и фокусниот бел ѕид со текстура на вдлабнати природни мотиви на дрвја, во симбиоза со свежите бои „позајмени“ од природата и многуте растенија распоредени како детали во просторот, претставуваат вистински релаксирачки момент и „навраќање“ на човекот кон природата. Така, „Гарден“ го живее секој ден како вистински симбол на природата и човекот.
78

2 коментари

  1. mala zabeleska Porta3, mnogu zatemneti fotografiite! :/

Испрати коментар

Scroll To Top