Оваа прекрасна оаза во центарот на градот, се наоѓа во Челзи, Њујорк, на самиот врв на зграда, дел од прекрасен дом, кој се протега на два ката.
.
Самата градина е многу пространа и со својот изглед и богатството на вегетацијата го одзема здивот. Таа се протега на 150 квадратни метри и е организирана на неколку нивоа, што ја прави совршена за дружење, забава, релаксирање и уживање во прекрасниот поглед на градот.
Ентериерот е подеднакво фасцинантен како и екстериерот, богат со природна светлина и големи стаклени ѕидови кои прават да изгледа како дел од градината да е израсната во самата дневна соба.