Резиденцијата Casa dos Terracos е прекрасен пример на органска архитектура. Таа била изградена во 1967 година во Португалија, а со својот изглед потсетува на традиционалните градби на Санторини. Куќата била првично користена само за одмор, а архитектите од Studiо Arte ја реновирале и ја преуредиле за да може едно четиричлено семејство во неа целосно да се пресели. Совршена комбинација на традиционалното и модерното.