Berlin Untergrundbahn или скратено U-Bahn, е подземната железница односно популарното метро во Берлин, кој е изграден на почетокот на 20-тиот век, со цел намалување на гужвите во сообраќајот. Првото возење со подземната железница во Берлин се случило на 15-ти февруари 1902 година, на која биле поканети тогашните челни луѓе. Три дена подоцна, U-Bahn е отворен за јавноста. Во 120 години долгата историја, U-bahn станал најомилениот начин на превоз на граѓаните на Берлин, а системот опслужува повеќе од 550 милиони луѓе годишно. Денес е во сопственост на компанијата Berliner Verkehrsbetriebe (BVB), и опфаќа девет линии кои поврзуваат 175 станици во мрежа од 155 километри. Иако станува збор за брз систем на подземна железница, околу 20% од линиите сообраќаат и над земјата. Во текот на најголемите гужви во работната недела, возовите сообраќаат секои 4-5 минути, а во вечерните часови на десетина минути.
Иако никој службено не ги прегледува билетите на влезот во подземната железница, за влез без билет не треба и да се помислува. По возовите секојдневно се движат контролори без униформи или истакнати службени легитимации, па тешко е да се препознаат. Доколку некој е фатен без билет, добива казна од 60 евра и излез на следната станица.