Седумнаесет градби проектирани од швајцарско-францускиот архитект, сликар и писател со швајцарско потекло, кој одиграл клучна улога во современата светска архитектура на 20 век, Ле Корбизје, впишани се во листата на културно наследство на УНЕСКО, извести швајцарската влада.
Unité d’habitation, Marseille, France
Ги има во седум земји во светот, а десет од нив се во Франција. Меѓу градбите се „Мезон Гиет“ во белгискиот град Антверпен, Националниот музеј на западната уметност во Токио, две згради од населбата Вајзенхоф во германскиот град Штутгарт и уште неколку зданија во Франција, Швајцарија, Аргентина и во Индија.
Меѓу заштитените дела се и неговата прочуена зграда во Марсеј, вилата Савоја, доминиканскиот манастир во Турет, како и Чандигар во Индија, првиот плански изграден град во таа земја.
Maison Guiette, Antwerp, Belgium
Унеско му ја даде оваа чест оценувајќи ги неговите дела како „нов архитектонски јазик кој раскина со минатото“.
Capitol Complex, Chandigarh, India
Ле Корбизје, чие вистинско име е Шарл Едуар Жанере Гри, пресудно влијаел на современата светска архитектура на 20 век, стои во соопштението на швајцарската влада и се додава дека неговите архитектонски проекти и дела ги олицетворуваат исклучителните архитектонски и градежни одговори на општествените предизвици на 20 век.
The National Museum of Western Art, Tokyo, Japan
Ле Корбизје е еден од најголемите архитекти на 20 век, а неговите дела, пишувани или проектирани, „влијаеле на големите технички и концептуални измени на подрачјето на архитектурата и урбанизмот во современата светска архитектура“, стои на интернет-страницата на УНЕСКО.
Weissenhof-Siedlung Estate, Stuttgart, Germany
Со примена на нови материјали, како армиран бетон, стакло и железо, како и на нови градежни методи, тој во архитектурата радикално прекинал со традиционалните градежни форми.
Maison Curutchet, La Plata, Argentina
Ле Корбизје е роден во Швајцарија во 1887 година. Името во 1920 година го зел од дедо си по мајка, кој се презивал Лекорбизје. француски државјанин станал во 1930 година. Починал во 1965 година. Неговиот лик се наоѓа на банкнотата од десет швајцарски франци.
Dominican Monastery of La Tourette близу Lyon, France
Villa Savoye близу Paris, France
Notre-Dame du Haut, Ronchamp, France
Maison La Roche, Paris, France
Villa Le Lac, Corseaux, Switzerland
Cité Frugès, Pessac, France
Immeuble Clarté, Geneva, Switzerland
Immeuble Molitor, Paris, France
Usine Claude et Duval Factory, Saint-Dié, France
Cabanon de Le Corbusier, Roquebrune-Cap-Martin, France
Maison de la Culture, Firminy, France