Компанијата „Твитер“ уптила писмо до шефот на „Мета“, Марк Закерберг, во кое вели дека има намера да го заштити своето право на интелектуална сопственост. Конкуренцијата е во ред, но измама не е прифатлива, порачува сопственикот на „Твитер“, Илон Маск. Адвокатот Алекс Спиро во писмото истакнува дека од „Мета“ бара да престане да користи доверливи информациии кои потекнуваат од „Твитер“. Спиро, имено, ја обвинува „Мета“ дека ангажирала поранешни вработени во „Твитер“ кои имале пристап до такви податоци.
Да потсетиме, „Мета“ неодамна преку ноќ ја лансираше својата нова платформа „Тредс“. За неполно деноноќие, технолошкиот гигант кој ги поседува и „Инстаграм“ и „Вотсап“, тврдеше дека имало речиси 30 милиони пријави на новата платформа. Стручњаците сметаат дека „тредс“ е одговор на „Мета“ на „Твитер“, кој се соочи со големи промени откако Маск го комплетирање превземањето на платформата. Маск отпишти 8.000 вработени од „Твитер“, а исто така го отстрани претходниот систем на верификација и го замени со „Твитер блу“ шема базирана на плаќање. „Тредс“ е креиран од страна на „Инстаградм“ тимот на „Мета“, а според описот оваа социјална мрежа служи за споделување на текстуални содржини. Објавите може да бидат долги и до 500 карактери, и вклучуваат и линкови, фотографии и видео записи до 5 минути. Меѓу првите отворени профили се оние на „Нетфликс“, готвачот Гордон Ремзи, поп ѕвездата Шакира, како и самиот Марк Закерберг.