Фотографот од Турција Aydın Büyüktaş, инспириран од научната фантастика овозможува сосема поинаква перцепција на местата што се пред неговиот објектив. „За време на моето детство и адолесценција читав научна фантастика од автори како што се Исак Асимов, Велс и бројни научни и технички списанија. Таа литература ми отвори многу прашања за црните дупки, паралелните универзуми, градитацијата, поврзаноста на просторот и времето …“.
Токму оваа негова пасија се спојува со неговиот афинитет кон визуелните ефекти и анимацијата. Во 2008 година неговите 3D анимации стануваат многу популарни. Дипломирал фотографија а работи како мултимедијален уметник. За својата последна серија фотографии насловена „Flatland“, вели дека бил инспириран од новелата на Едвин Абот Flatland: A Romance of Many Dimensions, во која авторот креира вовед во концептот на повеќекратна димензија во вселената.